e-Society.mk

2009
2008
2007
2006
2005
Контакт
Политика за приватност

Одржана Петтата меѓународна конференција е-Општество.Мк: „Јас медиум“ Испечати Е-пошта
Заврши петтата по ред меѓународна конференција е-Општество.Мк на тема „Јас медиум“. Истата траеше два дена и беше насочена кон улогата на новите медиуми во поткрепувањето на дебатата и дијалогот, учеството и општествените промени.

e-society.mk-2009Првиот ден беше резервиран за излагања на повеќе наши и меѓународни експерти од областа на технологијата, политиката, новинарството, блогерството и социјалниот активизам во рамките на 3 работни сесии, при што после секоја следуваше активна дискусија.Белешки за сесиите од првиот ден можете да прочитате на IT.com.mk

Вториот дел од овогодишниот настан беше во вид на тркалезна маса на која во фокусот беше улогата и искористеноста на новите медиуми во процесот на пренесување информации, наспроти доминацијата на традиционалните медиуми на овој план. По двочасовната дискусија која ја затворија министерот за информатичко општество г. Иво Ивановски и г-а  Изабел Гинел, прв секретар на Амбасадата на Р. Франција во Скопје, конференцијата беше официјално завршена.

Повеќе информации, како и презентациите, заедно со видео излагањата на говорниците ќе бидат објавени наскоро. Во меѓувреме, дел од атмосферата на конференцијата можете да почувствувате преку фотографиите поставени на фликр, како и од пораките кои во живо масовно се испраќаа преку твитер.
 
< Претходно

Организатор


 

. Powered by Joomla. Technical implementation: Metamorphosis Foundation.